понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 70 ново

Параполицијата на Спасовски од меѓу народот во првите борбени редови против народот

Над 15 лица се повредени во бруталноста на власта кон демонстрантите кои вечерва излегоа пред Собранието на Република македонија, спротивставувајќи се на договорот за промена на името кој беше потпишан денеска.

Уште на самиот почеток од нередите пред Собранието, дел од медиумите објавија дека уфрлени провокатори се обидоа да исценираат инцидент на протестот пред Собранието на Р.Македонија.

Лице во качулка му се приближи на репортерот на еден од медиумите кои настаните ги пренесуваа во живо, веднаш по почетокот на преносот во живо, во напад кој изгледаше како инструиран и претходно нарачан, имајќи предвид дека тајмингот на нападот беше речиси веднаш по стартот на преносот во живо.

Дека ваквите сомнежи не се далеку од вистина потврдува и тоа што, според тврдењата на присутни на протестот, одредени лица кои првично биле дел од протестантите, потоа можеле да се забележат во полицискиот кордон, без потребната опрема на себе, облечени во цивилна облека. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали вечерва се случи свесно насилно сценарио?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top