среда, 18 јули 2018 | Вести денес: 77 ново

Цела полиција беше на нозе во Скопје: Со солзавец и шок бомби ги растераа демонстрантите

Во центарот на Скопје пред дојде до полициска интервенција насочена кон групата демонстранти собрани пред зградата на Собранието, да го изразат својот револт против промената на името на Македонија.

Десетици борни коли беа распоредени во околината. Облакот солзавец брзо се рашири наоколу, по што толпата се оддалечи од зградата на Собранието на Македонија.

Во моментов состојбата пред Собранието е мирна но тензична, откако пред околу половина час полицијата со солзавец растера насилни демонстранти кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името.

Информациите од терен велат дека полицијата употребила солзавец врз насобраниот народ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top