петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 117 ново

Хунтата го брани велепредавството со жесток напад врз народот: Полицијата на Спасовски удри по народот пред Собрание (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку стотини граѓани органзирани на социјалните групи вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија да го искажат револтот за потпишувањето на Договорот во Преспа и да побараат зачувување на уставното име на Република Македонија. Пред Собранието на Република Македонија веќе трет ден се одржуваат протести против потпишување на договорот со кој Заев и Ципрас договориле промена на државното име на Република Македонија.

Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

Демонстратите поставија и барикади со кои целосно е блокиран протокот на возила во двата правци. И покрај обидите на полицијата да ги растргне, демонстратите останале со цврста намера да не се повлекуваат. Тие повикаа што повеќе луѓе да излезат на барикадите и да им дадат поддршка во борбата која ги засега сите граѓани на земјата. Во текот на вечерта дојде до инцидент предизвикан од уфрлени провокатори. Партиската полиција на Оливер Спасовски жестоко одговори и со шок-бомби, солзавец удри по својот народ.

Демократијата што ја практикуваат Заев и Спасовски повторно е на виделина. Вечерва велепредавството хунтата го бранеше со жесток напад на својот народ.

Фото Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top