понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 70 ново

Која е вашата слабост според хороскопот: Лавот не знае да каже „не“, Рибите измислуваат болести…

Овен

Овните често имаат здравствени проблеми со главата, односно со очите, ушите и носот. Кога станува збор за духовната состојба, ако им тргне лошо во животот и поради тоа паднат во депресија, знаат утеха да најдат во дрога или алкохол. Инаку, Овните се предаваат ентузијастично, но што тоа чувство спласне, се губи интересот и се свртуваат кон други работи. Може да се рече дека помалку се површни.

Бик

Припадниците на овој знак промените во животот едноставно ги ужасуваат. Тие сакаат да живеат онака како што се навикнати, па макар тоа и да не е баш нешто посебно и може да биде многу подобро. Ако се присилени на промени, може да паднат во депресија. Значи, најголема слабост на овој знак е неприлагодливоста, па тоа е најголема кочница на патот кон успехот и подобриот живот. Што се однесува на здравјето, Бикот најчесто има проблем со вратот, грлото и штитната жлезда.

Близнаци

Тие постојано се во некоја гужва па така се однесуваат кон оброците – неретко излетуваат од куќата, а да не јаделе, ниту пиеле ништо. Поради тоа знаат да посегнат по нездрави грицки. Таков начин на живот кај нив неретко резултира со голема нервоза. Припадниците на овој знак знаат да имаат проблеми, освен со нервите, и со плуќата, рамениците и рацете. Инаку, мана им е тоа што се многу површни во меѓучовечките односи, иако тоа на нив не им се чини така.

Рак

Луѓето родени во овој знак се многу чувствителни, дури и претерано – што води до нагли промени на расположението и развој на некои болести поврзани со психата. Премногу ги погодуваат туѓите проблеми. Знаат дека имаат проблеми со бубрезите, желудникот и прстите. Често добиваат чир на желудникот токму поради тоа што не можат да се опуштат кога треба.

Лав

Припадниците на овој знак не знаат да кажат „не“ кога ќе почувствуаат дека се премногу оптеретени. Тие прифаќаат се со многу полет што ја вшмукува нивната енергија, наместо таа количина да ја наменат за оние работи кои се важни. Мана им е тоа што не можат да селектираат некои работи по важност, но туку на сите работи им пристапуваат еднакво ентузијастички. Тоа е можеби зашто во се сакаат да бидат најдобри, иако некогаш треба да признаат дека постоја и подобри. Поради сето тоа знаат да имаат депресивни епизоди во животот и проблеми со здравјето поради падот на имунетот.

Девица

Најголемата мана на Девицата е што не знаат да ги исполнат своите чувства, па често делуваат емотивно, ладно, иако се далеку од тоа – во нив има премногу емоции. Токму поради тоа чувствуваат дека не се исполнуваат како што треба и не можат да се опуштат, а знаат да бидат немирни, живеат под постојан стрес, а сето тоа може лесно да ги доведе до депресија. Често имаат проблеми со кожата.

Вага

Родените во овој знак се најсреќни кога се околу нив е убаво – од уреднувањето на домот, физичкиот изглед до меѓучовечките односи. Сепак, понекогаш толку сакаат се да биде совршено што почнуваат да се оптоваруваат и себе, но и другите, дури до таа мерка што ја уништуваат и атмосферата и односите со другите луѓе. Кога ќе се случи тоа, тогаш вината ја бараат во себе зашто не испланирале се совршено. Сето тоа води до константно незадоволство и негативни чувства кои знаат во нив да се развијат, а што може да доведе до тоа да станат песимисти. Знаат да имаат проблеми со кожата, бубрезите и долниот дел на грбот.

Скорпија

Голема мана на припадниците на овој знак е лутината, зашто тогаш губат контрола и знаат да бидат безобразни и арогантни. Исто така, склони се нагли промени во расположението и бурни реакции што е многу стресно и за нив и за луѓето кои им се наоѓаат во близина. Скорпиите често се емоционално нестабилни и понекогаш ги кријат чувствата, па борбата ја водат внатре, со самите себе. Поради тоа знаат да имаат симптоми на болести иако физички се е во ред со нив и да патат од проблеми со нервите.

Стрелец

Припадниците на овој знак често се хиперактивни и сакаат да бидат во движење, па често знаат да имаат проблеми со зглобовите и да имаат модрици. И се би било нормално да не им се допаѓа на Стелците. Кога се повредени или болни, тие се во состојба да ги тероризираат сите околу себе. Неможноста за движење во нив предизвикува негативни емоции и нервоза, а понекогаш и депресија. Знаат да имаат проблеми со колковите, црниот дроб и крвта.

Јарец

Јарците се родени да водат и поради тоа често на себе преземаат повеќе товар отколку што би требало и повеќе отколку што се очекува од нив. Освен тоа, мислат дека константно мораат да имаат се под контрола, што само покажува дека немаат доверба во луѓето околу себе. Таков став во животот резултира со стрес и чувство на немир. Знаат да имаат површни чувства и да не се откажат пред ништо, што ќе застане на нивниот пат. Неретко имаат проблем со високиот крвен притисок, коските и зглобовите.

Водолија

Родените во овој знак менуваат расположение со таква брзина што е тешко да се следи. Од состојба на голема среќа во само неколку секунди можат да упаднат во малодушност или лутина. Мана им е и што се помалку егоцентрични и имаат површни чувства за блиските, иако тоа знаат вешто да го прикријат зад духовитиот поглед на животот. Другие луѓе не може да бидат поважни, од на пример, сопственото дете – иако тоа може да не го прават свесно. Често патат од депресија и проблеми со нервите, како и слаба циркулација.

Риби

Рибите се многу чувствителни и знаат на себе да преземат туѓи проблеми и да се соживуваат со нив. И се би било во ред ако во тоа не претераат толку што на крајот потполно ќе се исцрпат себеси. Тогаш се склони да си замислат дека добиле некоја болест, а всушност само им треба одмор и опуштање. Знаат да имаат депресивни епизоди и во тој период не сакаат да слушнат, ниту да видат никој. Од физички мачнини најчесто имаат проблеми со белите дробови, настинки и други болести на дишните органи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top