понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Инцидент вчера во „Скопјанка“: Тетовец претепан откако излегол од казино

Синоќа во 23.40 часот во Полициската станица Аеродром, М.К. (53) од Тетово пријавил дека истиот ден околу 23.00 часот пред казино во Трговски центар „Скопјанка“ физички бил нападнат од неколку непознати лица.

Од нападот М.К. се здобил со повреди и бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top