недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Заев: Денес ставаме крај на еден спор

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска на потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот за името, изјави дека државата е горда што одбрала решение што обединува.

– Денес ставаме крај на еден спор. Ставаме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите…Ова е свечен чин и израз на посветеноста да се најде решение што е во интерес на иднината и на граѓаните на двете држави – нагласи премиерот Заев.

Со Договорот што е потпишан денеска „се создава шанса и тоа е историска можност за засилена соработка, посилни економски врски и повисок раст и развој“.

Според него, од изолација или самоизолација, ниту Македонија ниту Грција немале полза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top