недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Грците се песна и аплауз дојдоа во Псарадес

Грчката делегација пристигна со песна и со аплауз во Псарадес, каде што министрите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас се очекува секој момент да го потпишат договорот за спорот за името.

Обезбедувањето на двете страни од границата е толку големо, што медиумите пишуваат дека настанот се случува на „најбезбедното место на светот“.

Македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев патува кон Псарадес со глисер преку Преспанско Езеро.

Документот ќе биде потпишан во шатор поставен во малото грчко село специјално за настанот, по што двете делегации и нивните гости ќе се упатат кон одморалиштето Отешево на македонска страна.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top