вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

ВМРО ДПМНЕ: Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името

Зоран Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создацаат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот македонец и македонско. Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина. Македонија не заслужува да згасне на нечесен начин, поради скриени сомнителни интереси на Зоран Заев кој бесрамно распродава нешто што не е за продавање. Не се виновни претходните генерации што ние денес живееме во Македонија, тие се наша гордост, но ако се откажеме од нив ние ќе бидеме нивниот срам. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на овој капитулантски договор – потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека ова е договор со кој во сто проценти се исполнуваат сите грчки барања. Со договорот Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет.

– Зоран Заев е единствениот политичар во светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ. Со ова Заев се става во темната страна на историјата на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13:30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до плоштадот Гоце Делчев пред Домот на културата. Ова е можност да се покаже подготвеност и несогласување со недржавничките и поразителни политики на оваа влада предводена од Заев која освен штета не направи ништо корисно за Република Македонија – пишува во соопштението на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top