недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Федерер се врати на врвот на АТП листата

Роџер Федерер се пласираше за прв пат во кариерата во финалето на турнирот на трева во германскиот град Штутгарт со награден фонд 656 илјади евра.

Швајцарецот, кој е прв носител на турнирот, нанижа 12 аса и го победи Австралиецот Ник Кириос (бр.4) со 6:7 (2), 6:2, 7:6 (5) по речиси два часа игра.

Со успехот, 36-годишниот Федерер, кој оваа недела се врати на теренот по речиси тримесечна пауза, си обезбеди враќање на првото место на светската АТП листа од понеделник. На врвот, тој ќе го замени Шпанецот Рафаел Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top