понеделник, 19 ноември 2018 | Вести денес: 97 ново

Што сè содржи предбрачниот договор на Александра и Филип

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ полека ги привршуваат подготвките за гала свадбената веселба која е закажана за идната недела.

Тие двајца водеа сметка за секој детаљ, а неодамна, како што се дознава, потпишале и предбрачен договор.

-Прија и Филип се венчаваат од љубов и никој од нив не се интересира за материјалната состојба на партнерот. Сепак тие двајца разговараа и се договорија дека е најдобро да потпишат предбрачен договор. Тоа не е ништо чудно, туку сосема нормална работа меѓу сите двојки, не само во светот туку и во Србија. Двајцата лесно постигнаа договор.

-Во догворот се наведени движниот и недвижниот имот на сопружниците, кој при развод не би можеле да го делат. Тоа значи се што ќе внесат во бракот и по развод останува со нив. Филип нема да има право на нејзиниот стан во Белград. Исто така автомобилот кој го доби на подарок од Филип и останува на Александра, вели извор додека пак се што е стекнато заеднички во бракот, како што е и со закон определено, ќе се дели на половина:

Се што ќе стекнат во текот на бракот ќе се дели рамномерно доколку има потреба за тоа. Со тоа што секој од нив има право да се откаже од својот дел во корист на другата страна. Инаку во рамки на предбрачниот договор стои и ставката по која двајцата имаат апсолутно право на користење на движниот и недвижниот имот на партнерот во текот на траењето на бракот.

Во договорот имало и ставка за подароците. Се она што Александра и Филип ќе го добијат, во што спаѓаат и недвижности, како и пари, не мора да го делат со партнерот.

-Секоја ставка е многу јасна, прецизна и точна. Адвокатот водел сметка за секој детаљ, а со клаузула се обврзани секој приход од моментот на склопувањето на бракот транспарентно да му го покажат на партнерот, кој има право да располага со него. И едниот и другиот се многу успешни во својата работа. Одлично работат и заработуваат и ниту еден момент не сакаа да се оптоваруваат со финансиите. Никој од нив не инсистираше на предбрачниот договор, туку низ разговор одлучика да го склопат. Двајцата имаат поддршка од родителите и сите едвај ја чекаат веселбата, а подоцна секако и внуче, за вршува изворот.

По повод овие информации, не се јавија да потврдат ниту демантираат ни Филип ни Александра.

Инаку Брена и Боба едвај ја чекаат свадбата која е закажана за 21 јуни во црквата „Василј Острошки“ на Бежаниска Коса во Белград. Кум ќе им биде Милош Теодосиќ, а старосват Ацо Пејовиќ. Свадбената веселба е закажана за Белекспо центарот и ќе присуствуваат 900 гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top