вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Вујо мајсторски преживеа

Иако загубија во баражот за Мундијалот во Германија и Данска, Словенците нема да имаат промени на позицијата селектор. Веселин Вујовиќ ќе продолжи да ги води и понатаму, а најверојатно ќе треба оваа задача да ја комбинира со водењето на тимот на Висла Плоцк бидејќи повеќе не е тренер на Копер и се отвори простор за нов клупски ангажман.

Словенија беше поразена од страна на Унгарија, а решавачки беше првиот дуел на кој Словенците како домаќини загубија со пет гола разлика. Иако победија на реваншот, сепак, не успеаја, но тоа не беше причина за веднаш да дојде до промени.

Претседателот на Ракометната федерација на Словенија вели дека нема да има промени.

„Сè останува исто. Продолжуваме да соработуваме со Веселин Вујовиќ и тој останува селектор. Со него ќе одиме по пласман на следното Европско првенство и ќе се обидеме да се вратиме уште посилни“, коментираше Фрањо Бобинац.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top