понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

СП 2018: Хаос во кампот на Шпанија: Пике ги разделувал капитенот и претседателот

Селекцијата на Шпанија утре со почеток од 20:00 часот со натпреварот против Португалија ќе го започнува настапот на Мундијалот.

Но „фуријата“ во пресрет на овој меч се соочува со низа проблеми, а сето тоа предизвикани од промената на селекторот Хулио Лопетеги кој беше сменет вчера.

Шпанските медиуми, поточно телевизијата „Ла Сехта“ открива дека дошло до сериозен инцидент откако капитенто Серхио Рамос влегол во жесток вербален инциден со претседателот на Фудбалската Федерација на Шпанија.

Многу лесно можело да се случи вербалниот, да премине во физички инцидент помеѓу Рамос и Рубиалес, но сето тоа за среќа го спречил Жерард Пике кој интервенирал и ги смирил страстите.

Иако тоа во јавноста тешко дека некој ќе го признае, сепак многу јасно е дека атмосферата во селекцијата на Шпанија е нарушена и притоа, владее и тоа како лоша енергија.
Извор: Спортклуб.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top