вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Обвинет и Џејми Фокс: Ѝ удрил шлаканица со половиот орган, зашто не сакала да го задоволи, но тогаш не го пријавила

Ерик Марлон Бишоп, попознат како Џејми Фокс, обвинет е дека со пенисот удирал жена по лицето, откако одбила орално да го задоволи.

Како што пишува американскиот таблоид ТМЗ, жената во полиција кажала дека отишла на забава во куќата на Фокс во 2002 година.

Како што истакнала, откако одбила да го задоволи, тој ја малтретирал, а неговиот пријател подоцна и кажал да ја напушти куќата. Меѓутоа, жената тврди дека отишла во болница бидејќи претрпела неколку панични напади.

Џејми цврско негира за ваквиот инцидент дека некогаш се случил, вели адвокатката на актерот додавајќи дека Џејми ќе поднесе жалба против извесната жена поради наводно лажно пријавување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top