вторник, 20 ноември 2018 | Вести денес: 0 ново

Пратениците гласаа „ЗА“ за Законот за паралелен увоз

Собранието го донесе Законот за паралелен увоз на лекови со 61 глас„ЗА“.

Според усвоениот закон одредена веледрогерија или здравствена установа до Агенцијата за лекови и медицински средства најпрвин мора да достави сертификат од анализа на квалитет на лекот од производителот кој ќе биде предмет на паралелен увоз, како и сертификат од анализа на квалитетот на лекот од лабораторија овластена од надлежен орган на земјата производител на лекот или на земјата извозник на лекот.

Сертификатот за квалитет на лекови кои се увезуваат преку паралелен увоз досега не беше задолжителен со закон. Поради ова имаше многу реакции и приговори од здравствени работници и здруженија на граѓани дека дел од лековите од паралелен увоз не се ефикасни или дека има можност да се внесат фалсификувани лекови.

Новиот Закон за лекови во февруари беше вратен на доработка заради технички измени во делот на паралелниот увоз, но процедура се развлече се до сега. За тоа време поминаа над 30 тендери од кои 11 од паралелен увоз.

Новиот закон за паралелен увоз ќе им овозможи поголема сигурност и безбедност на граѓаните дека пијат квалитетни лекови. Со тоа ќе се избегне и опасноста од фалсификувани лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top