понеделник, 18 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

СП2018: Петарда одекна во Москва: Русија ја испрати Саудиска Арабија со полна мрежа (ВИДЕО)

Домаќинот Русија со победа го отвори Светското првенство, тие на стартот беа подобри од Саудиска Арабија со 5:0.

Резултатот на полувремето беше 2:0 за домаќините кои во 12-та минута поведоа со голот на Јури Газински, со голот на Денис Черишев во 43 минута резултат беше удвоен.

Резултатот на 3:0 во второто полувреме го зголеми Артем Ѕујба со голот во 71 минута, а со голот во 91-та минута, втор за него, Денис Черишев зголеми на 4:0, додека пак конечните 5:0 ги постави Александр Головин со голот во 95-та минута.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top