вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 58 ново

Егејот е нераскинлив дел на Македонија!

Што и да потпишат, колку и да лажат и да фалсификуваат - историјата сепак знае повеќе од нив! А историјата не ја пишуваат само тие!

 Алдо Климан

Велепредавникот и безочен квислинг Зоран Заев по кратка геноцидна постапка ампутира цели делови од македонскиот народ, најнапред во Пиринска, а сега и во Егејска Македонија. А тоа се наши најнапатени сестри и браќа, македонци, кои низ долгата и тешка историја дадоа најмногу херои и жртви за слободна и самостојна Македонија. Таму, во Пиринот и во Егејот, и покрај сите истребувачки и денационализаторски методи и постапки на тамошните власти, и денес живее и многуброен наш македонски народ! И тоа неподносливо зло што му се случува – тоа боли до коска, до сржта! Како и Пиринска Македонија, така и Егејска Македонија е нераскинлив дел од нашето македонско културно-историско и духовно минато и сегашност!

Политичкиот дебелокожец Зоран Заев во своето одвратно помпезно обраќање кон јавноста во Црниот вторник, денот на најголемото предавство во историјата на Македонија, 12 јуни 2018 година, де факто на целиот свет му обзнани, му покажа и му докажа дека е најбеден одрод од македонскиот народ, и оти всушност не е македонец, туку некаков марсовски дудук-граѓанин северномакедонец. Арслан-делија што си го менил името!

Таа северномакедонска безобѕирна и ступидна креатура си дозволи со својата велепредавничка погана уста, само спомнувајќи го, да го осквернави чистото и достоинствено име на најголемиот наш македонец, срцето и душата на македонската нација, Гоце Делчев, кој е роден во 1872 година во славното македонско гратче Кукуш, токму во егејскиот дел на Македонија, во Отоманското царство, а не во некоја измислена северномакедонска заевска државичка, и кој со беспримерна саможртва и храброст го положи својот млад живот за праведна, слободна, обединета и независна Македонија.

Северномакедонскиот дудук-граѓанин, квислингот Заев, ставајќи го во својата велепредавничка уста, бесрамно го осквернави и името на уште еден наш голем македонец, кодификаторот на македонскиот литературен јазик, Крсто Петков Мисирков, роден во 1874 година во македонското село Постол, Ениџевардарско, во срцето на егејскиот дел на Македонија, во Отоманското царство, кој е авор на прочуената книга „За Македонцките работи”, а не, беднику Заев, „За северномакедонските работи” како што е запишано во твојот изместен заевски менатлен историски имагинариум.

Но, мил мој македонски народе, тоа се само две неизмерно големи и незаобниколни имиња меѓу нашите македонски првенци, родени во егејскиот дел на Македонија, кои ја испишуваа и ја испишаа славната национално-политичка и културна историја на целиот македонски народ на целата етничка територија на денес разделена и ограбена Македонија. Таа листа е долга и непрегледна и сведочи за силното, освестено, интелектуално, културно и револуционарно-политичко македонско јадро во егејскиот дел на Македонија што се потпираше врз многубројното, исто така национално освестено македонско население по нашите убави македонски градови и села во Егејска Македонија, Костур, Кукуш, Воден, Лерин, (Пазар) Ениџе Вардар, Сер… и се разбира, големото мултикултурно средиште Солун, во кој македонците во постарата и во поновата историја играа и одиграа незаобиколна културна, политичка и стопанска улога.

Да наведеме само неколку примери:

Во Кукуш, родното место на Гоце, во 1878 година е роден и македонскиот револуционер, општественик и државник Димитар Влахов, кој по Младотурската револуција 1908 година станува прв македонец пратеник во отоманскиот парламент во Цариград.

Во селото Смрдеш, Костурско, во егејскиот дел на Македонија, во 1874 година е роден Васил Чакаларов, големо незаобиколно име од нашата историја, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Во истото село Смрдеш во 1882 година е роден и големиот македонски револуционер, војводата и раководител на Македонската револуционерна организација Пандо Кљашев.

Во костурското село Д’мбени, во егејскиот дел на Македонија, во 1878 година е роден македонскиот револуционер, писател и војвода на Македонската револуционерна организација, Лазар Поп-Трајков.

Во Горно Броди, Серско, во егејскиот дел на Македонија, во 1875 година е роден Димо Хаџи Димов, член на Македонската револуционерна организација.

Во Гуменџе, Ениџевардарско, во егејскиот дел на Македонија, е роден и Христо Батанџиев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација.

Цела Егејска Македонија вриеше од македонското револуционерно движење.

И можеме така да набројуваме уште многу значајни и незаобиколни имиња на македонци родени во 19 век, на своите стари дедовски и предедовски огништа во егејскиот дел на Македонија, а 19 век го спомнувам само затоа што неумоливата дрска и подмолна фалсификаторска грчка машинерија, особено во текот на оваа ужасна измината година на беспримерни и незапирливи заевски предавства и расшрафувања на нашата единствена татковина Република Македонија и разбивање и безочно раскарување на македонското национално јадро, илјада пати е повторено дека македонците и македонската историја се само најобична лага, измислена пред 70 години.

Но, предавнику Заев, со твоите фашистоидни грчки компањони Ципрас и Коѕиас, знајте дека вашите лаги и омраза не можат да ја сменат вистината:  во егејскиот дел на Македонија се родени и многубројни актери на современата македонска и светска општествена и културна матица, од познатиот американски писател од македонско потекло Стојан Христов (р. во с. Кономлади, Костурско) и родоначалникот на современата македонска литературна критика Димитар Митрев (р. во Дедеагач), преку истакнатите македонски писатели Ташко Георгиевски (р. во с. Кронцелево, Воденско), Ристо Јачев (р. во Долно Родево, Воденско), Георги Ајановски (р. во Воден), Паскал Гилевски (р. во с. Сетома, Костурско), Димитар Димитров (роден во с. Цакони, Воденско, инаку таткото на предавничкиот министер Никола Димитров), Коле Мангов (р. во с. Баница Леринска), Ката Руменова-Мисиркова (р. во с. Постол, Ениџе Вардар), Доне Пановски (р. во с. Буф, Леринско), Васил Пујовски (р. во с. Д’мбени, Костурско), Иван Чаповски (р. во с. Пожарско, Воденско), Петар Ширилов (р. во Горничево), па преведувачите Ташко Саров и Ташко Ширилиов, ликовните уметници Димо Тодоровски (р. во Солун), Танас Луловски (р. во с. Желево, Костурско), Насо Беќаровски, Доне Милјановски и прочуениот македонски артист Ристо Шишков (р. во с. Мрсна, Серско), славните пејачки групи што изведуваа преубави македонски народни песни од егејскиот дел на Македонија „Бапчорки” и Костурчанки”, па сѐ до совремните мошне храбри македонски дејци и борци за човечки и национални права на македонците во денешна Република Грција, предводени од достоинствениот и решителен борец Павле Филипов Воскопулос (Лерин).

Секое од овие имиња на македонските политички, културни и општествени дејци од минатото и од денешницата длабински, суштински, цивилизациски и емотивно нераскинливо се поврзани со Егејска Македонија, со тој на гангстерски начин откраднат дел од нашето македонско тело и душа, а тоа е само еден најмал дел – зашто историјата на македонскиот народ во Егејска Македонија не може да се напише само на една ваква страничка. Таа долга и славна македонска историја е испишана со горчливи човечки судбини, со страдања, трагедии и крв, со грабеж, одречувања, понижувања, негирања и непризнавања на македонците, но и со нерамна но храбра и освестена борба за национални и човечки правдини против столетното, геноцидно, фашистичко и фашистоидно грчко насилство над македонскиот народ. А сето тоа е запишано и посведонечно во стотиците и стотици научни, историски дела и во многу вредни литературни и други уметнички (филмски и ликовни) остварувања.

Па тогаш, кој е тој неранимајко Зоран Заев што така безочно ќе ни ја ампутира Егејска Македонија од нашата чиста и чесна, славна македонска историја?! И во име на што?!

Не, македонски народе, токму спротивното, ние треба веднаш решително и неповратно да го ампутираме тој беден предавник, тој национален конвертит, тој северномакедонски граѓанин Зоран Заев, од сегашната македонска политичка сцена што тој ја претвори во урнатини на демократијата, и да им ги вратиме достоинството на македонскиот човек и сериозноста на современата македонска внатрешна и надворешна политика!

Да, нѐ чека тешка и крвава борба до последниот здив, до последниот човек! Но нема предавање!

Не си го даваме нашето чесно историско име македонско за да им го правиме ќеифот на збудалените и безобѕирни грчки и европски политичари, и на северномакедонскиот одрод Зоран Заев.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top