среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 66 ново

Вигенин: Борисов зазеде став и се вмеша во внатрешната политика на Македонија

Поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија и сегашен претседател на Комисијата за европски прашања Кристијан Вигенин вели дека откажувањето на средбата на бугарскиот премиер Бојко Борисов со македонскиот претседател Ѓорге Иванов е покажување на став за името.

– Ми се чини дека тоа е една прилично директна интервенција во еден внатрешен спор во Република Македонија – вели Вигенин за БТА, а пренесува 24часа.бг.

Пратеникот вели дека откажувањето на средбата од страна на Борисов си ја објаснува само како причина дека ден претходно Иванов одби да разговара со македонскиот премиер за постигнатиот договор со Грција.

Вигенин нагласува дека сака да слушне и директен став од Борисов во врска со постигнатиот договор меѓу Грција и Македонија.

– Од моја гледна точка, премиерот требаше да му објасни на претседателот дека ситуацијата во Република Македонија бара повеќе разум, мудрост, посилен ангажман за пребарување на решение, а не политички демонстрации на какви бевме сведоци и вчера, посочи Вигенин и додава дека не се сеќава на сличен случај кадешто вака се откажува еден прием.

– Не се сеќавам на сличен случај, барем во нашата понова историја. Можеби се случило да нема таков прием или средба само ако тоа не е предвидено однапред во програмата, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top