петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 106 ново

Русија и Саудиска Арабија попладнево ќе го отворат Светското првенство

Селекциите на Русија и Саудиска Арабија попладнево ќе го отворат 21-то Светско фудбалско првенство со премиерниот натпревар кој ќе се одигра на стадионот ,,Лужники,, во Москва.

32 репрезентации од денеска во 10 руски градови ја почнуваат битката за вечна фудбалска слава, односно за златниот трофеј на ФИФА што е наменет за најдобриот во светот. Магијата што се повторува секоја четврта година тргнува од стадионот Лужники во Москва каде што и ќе заврши за еден месец.

Во првото големо дерби публиката ќе може да ужива уште утревечер кога ќе се сретнат актуалниот европски првак Португалија и кандидатот за трофејот Шпанија.

Титулата светски шампион од пред четири години во Бразил ја брани Германија која во Русија допатува со прилично изменет состав во однос на претходниот мундијал и со, според многумина, слаби шанси за повторување на успехот. Затоа пак гладни за одмазда и за нов трофеј се вечните јужноамерикански ривали Бразил и Аргентина како и повеќе европски селекции како Франција, Белгија, Португалија и Хрватска.

Светското првенство во Русија ќе остане запаметено и по отсуството на четиркратниот светски шампион Италија кој не успеа да ги мине квалификациите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top