среда, 22 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Почина родилка во Штип, бебето е живо

Родилката Маја Паневска од Свети Николе починала утрово во болницата во Штип откако вчера вечерта била породена во болницатa, објави МКД.мк.

Паневска родила машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.

Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.

Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврди случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата,а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top