недела, 19 август 2018 | Вести денес: 38 ново

Приведени 10 учесници на протестот пред Собранието

Десет лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија против договорот за менување на името.

– За време на собирот, во 20.30 часот, дел од масата, во која имало и група на лица кои биле маскирани со „фантомки“, кон Собранието и кон кордонот од полициски службеници почнале да фрлаат со шишиња, пиротехнички средства, шипки, конзерви и еден молотов коктел (незапален). Во Полициската станица Центар, поради нарушен јавен ред и мир се приведени 10 лица, соопшти денеска МВР.

Сподели

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top