недела, 19 август 2018 | Вести денес: 38 ново

Гостивар: Извршители додека правеле попис му нашле два пиштоли без дозвола

Вчера околу 11.30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, во куќата сопственост на Ф.Ј. (42), при извршување на решение од страна на извршителка, при попис на предмети во куќата биле пронајдени два пиштоли: „ЦЗ“ калибар 9мм со рамка без куршуми и „Екол Волга“ калибар 9мм со рамка без куршуми и еден куршум калибар 9мм.

За пронајденото оружје, Ф.Ј. не поседувал дозвола. Со потврда за привремено одземени предмети оружјето било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top