среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 65 ново

Тешка сообраќајка вчера кај Струмица: Tешко повреденo 23 – годишно момче, се бори за живот на скопските клиники

Вчера околу 18.00 часот на регионалниот пат Струмица- с.Куклиш- с.Банско дошло до судир помеѓу мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.С. (23) од Струмица и патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.З. (42) од Струмица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top