понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 107 ново

Руска пратеничка до сонародничките: Не прифаќајте секс со странци за време на СП!

Руската пратеничка, Тамара Плетњова ги советува жените од својата земја да немаат секс со странци за време на Светското првенство (СП) во фудбал кое почнува денеска во Русија. Според неа, ќе биде проблем ако тие останат бремени.

Плетњова е  претседател на Комисијата за прашања за семејството, жените и децата. Таа имаше излагање пред почетокот на Мундијалот.

– Немојте да имате секс со странски мажи. Може да останете бремени и ќе биде проблем ако човекот е од друга раса. Децата родени од мешани двојки најмногу страдаат уште од советско време. Бидејќи мајките се принудени сами да ги одгледуваат, а татковците ја напуштаат земјата штом натпреварувањата ќе завршат – вели Плетњова.

Таа вели дека не е националист, но ги советува Русите дека треба да имаат партнери од својата земја и да изградат стабилна фамилија.

– Не сум националист. Би сакал луѓето во нашата земја да се венчаат поради љубов без разлика од кој етникум се, руските граѓани би требало да градат добра фамилија, да живеат во хармонија, да имаат деца и да ги израснат – рече Плетњова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top