среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 3 ново

Британската полиција конфискуваше пасоши на хулигани во пресрет на Мундијалот

Повеќе од 1.300 Британци добија забрана за посета на натпревари на Светското првенство во 2018 година како резултат на негативното минато, објавија тамошните медиуми.

Точно 1.312 луѓе беа принудени да ги предадат своите пасоши во полиција по наредба на властите.

– Пред Светското првенство низ целата земја беше спроведена акција за одземање на пасоши на оние фанови кои правеле проблеми во текот на претходните турнири. Оваа ефективна мерка ќе овозможи патување во Русија само на вистински навивачи на англиската репрезентација кои ќе уживаат на Мундијалот, соопшти британската полиција.

Англија во групната фаза на Светското првенство ќе игра во групата Г против Тунис тимови, Панама и Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top