недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 59 ново

Премиерот Бојко Борисов ја откажа средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ја откажал средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов,  пишува бугарскиот весник „24 часа“.

Според овој медиум, Борисов бил незадоволен од односот на Иванов, кој ја напушти средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни Никола Димитров и се обрати со говор во кој не остави простор за дискусија со него за договорот за името.

Наводно, Борисов и дал задача на министерката за надворешни работи, Захариева, да ја откаже уттрешната средба со македонскиот претседател.

Информацијата за откажувањето ја потврди и бугарската влада.

„Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на соседната држава. Нашата позиција е принципиелна и јасна, како и на целата меѓународна заедница. Јасна е и позицијата на претседателот на Република Македонија. Владата не гледа смисла да биде вмешана во внатреполитичките дебати во Скопје. Клучно за иднината на нашиот сосед и интеграцијата во ЕУ и НАТО и тоа не треба да биде доведено во прашање“, соопштиле од бугарската влада.

Македонскиот претседател денеска остварил средба со бугарскиот колега Румен Радев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top