петок, 17 август 2018 | Вести денес: 79 ново

Сингапур заработил 5,3 милиони долари од средбата Трамп – Ким

Сингапур заработил 5,3 милиони долари само од престојот на новинарите што известуваа за средбата на врвот меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг – ун, објави „Стрејт тајмс“.

Од средбата известувале околу 4.000 новинари и секој од нив останал околу три дена и потрошил најмалку 449 долари на ден. Освен тоа, расходите на американската делегација веројатно биле многу поголеми поради специфичната работа и подготовката на посетата на Трамп како и на самата средба, објаснуваат експерти.

Сингапурската компанија Мелтуотер кои прават оценки на медиумска ефикасност, објавија дека приходите на Сингапур од средбата ќе бидат не помалку од 524 милиони долари.

Претходно сингапурските власти соопштија дека расходите за средбата биле околу 15 милиони долари од кои половината за безбедност. Други 3,7 милиони долари се потрошени за организација на прес центарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top