вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Доаѓа моќниот циклон Силвија и носи обилен дожд, ветер, грмежи и град

Продолжува влијанието на моќниот циклон Силвија  кој во текот на вчерашниот ден (среда) донесе големо невреме во голем дел од државава предизвикувајќи штети и паднати дрвја во скопскиот регион а на многу места е регистрирана и појава на град, објавува метеорологот Славчо Попоски.

Во текот на денешниот ден, четврток претпладнево на запад ќе има нешто повеќе сончеви периоди додека на исток ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на дожд и услови за грмежи.

Од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинензивини проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Во зоната на големата нестабилност има услови за значително количество на воден талог за кратко време кое може да услови локални поројни поплави.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top