недела, 19 август 2018 | Вести денес: 35 ново

Миа Калифа нападна обожавател што го истетовирал нејзиното лице (Фото)

Поранешната либанско-американска порно глумица Миа Калифа на својот Инстаграм профил критикуваше обожавател кој го истетовирал нејзиното лице на својата рака, нарекувајќи го психопат.

– Престанете да правите тетоважи со мојот лик. Тоа не ми е комплимент, туку е морничаво. Немој да ја завршиш тетоважата, чувај ги парите за да ја отстраниш или да ја прекриеш со некоја друга глупава тетоважа, штом можеш да тетовираш странец на своето тело, психопату! Исусе Христе!, напиша таа во очигледно бесната порака, преобјавувајќи ја фотографијата со тетоважата, којашто непознатото момче ја беше објавило претходно.

Иако многумина се сложија со порно ѕвездата, некои ја искритикуваа за нејзиниот остар тон и дека не ги цени своите обожаватели.

Калифа лани одлучи да се повлече од порно индустријата за да и се посвети на својата спортска емисија „Out of Bounds“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top