вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 58 ново

Туск и Столтенберг бараат да не се пропушти шансата што ја дава договорот за името

Во заедничко соопштение шефовите на ЕУ и НАТО ги поздравија напорите на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за постигнување договор за спорот за името.

– Се надеваме дека оваа уникатна прилика да се релансира европската и евоатлантската иднина на поширокиот регион на Западниот Балкан нема да биде пропуштена. Овој договор претставува пример за другите како се консолидира мирот и стабилноста во регионот, стои во соопштението на Туск и Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top