недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 71 ново

Едно име имаме – Комити го запалија небото над Собранието (ВИДЕО)

Пеејќи од едно грло „Едно име имаме, во душата го носиме“ навивачите на Вардар, Комити, како што најавија, ја означија борбата за името кое нема да загине.

Навивачки, со нивните рекцвизити и со срце за Македонија.

На официјалната Фејсбук страница навивачка група во Македонија, „Комити“ реагита за договорот за промена на името.

„До сега не се мешавме во политичките одлуки, трудејќи се да останеме тоа што сме – навивачи. Меѓутоа, ние го носиме светото име Комити, со самото тоа ние сме должни да го браниме во секоја прилика и против секого!

Порака до сите што се вмешани во менувањето на нашето вековно име: ќе дојдеме по вас и вашата фамилија! Ќе се воздигнат идеалите на нашите предци, а ние ќе докажеме дека сме достоинствени да ја носиме тежината на името што ни е оставено во аманет. Сите кои биле, се и ќе бидат Комити, ако сте ја заборавиле нашата заклетва; „за слободна и независна Македонија“, не сте добредојдени повеќе на нашата трибина, ни во нашето опкружување! Да живее Вардар и Македонија!!!“

Тие повикаа вистинските Македонци да ги остават клупските обележја, партиските книшки, меѓусебните проблеми и да излезат во одбрана на Македонија

„Соберете ги вашите родители, браќа, сестри, роднини, пријатели. Дојдете денес пред Собранието на Република Македонија – да покажеме дека идеалот за слобода се уште живее во нашите срца“, пишуваше во повикот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top