недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 52 ново

Објавен Конкурсот за упис на студенти на УКИМ, слободни 11.661 места

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје го објави Конкурсот за запишување студенти во прва година додипломски студии во учебната 2018/2019 година.

Според Конкурсот, слободни се вкупно 11.661 места, од кои за редовни во државна квота има 5913, редовни со кофинансирање на студиите 4573 и за вонредни студенти 1175 места. Како и во минатите години, цената за редовно студирање е 200 евра, а за кофинансирање на студиите и за вонредни е 400 евра.

Условите и критериумите за запишување и потребните документи се појаснети во Конкурсот, кој УКИМ го објави на својата веб-страница: www.ukim.edu.mk

Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 30-ти и 31 август. Вториот рок е на 13-ти и 14 септември, а третиот рок на 24 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top