четврток, 21 јуни 2018 | Вести денес: 26 ново

Иванов: Јас како Ѓорѓе Иванов, личен договор на Заев и Ципрас нема да прифатам!

Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов во обраќање до јавноста попладнево изјави дека на средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска им кажал дека овој договор е штетен и единствен од ваков тип во историјата на човештвото.

-Со него се крши Уставот, законите и нема да легализирам политички дивоградби – рече Иванов.

Според него, текстот е поразителен. Вели дека не е достоинствено да се прифатат сите барања од Грција и ултиматуми.

Иванов вели дека со ваков договор се отвораат многу повеќе прашања, отколку што се затвораат.

-Тоа што го направи со Македонците во Грција, сега настојува да го направи со Македонците во Македонија- рече Иванов.

Вели дека се брише историјата на македонската држава, и рече дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за штетни последици.

Претседателот на Република Македонија истакна дека текстот на договорот е целосно поразителен за Македонија и дека тој нема да го прифати договорот бидејќи е личен договор помеѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– Власта во Македонија не смогна сили како Претседател на Македонија да ме вклучи во процесот на преговори. Јас како Ѓорѓе Иванов, личен договор на Заев и Ципрас нема да прифатам, истакна Иванов.
– Мојот став е конечен, нема да го потпишам договорот, заклучи претседателот на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top