недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 72 ново

Лавров го поздрави преименувањето во Северна Македонија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на заедничката преконференција во Москва со грчкиот колега Коѕијас изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го поддржат граѓаните и на двете држави.

– Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе има широка народна поддршка. Се надевам дека договорот кој вчера беше објавен е токму таков, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Во Македонија, дел од јавноста која е настроена против промена на уставното име на државава, веруваше дека токму Русија е алтернатива за Евроатланските интеграции и ќе не поддржи во намерата да го зачуваме името и идентитетот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top