петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 13 ново

Мицкоски: Заев се заколна во децата дека нема да го смени името (видео)

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција објави видеоснимка од Зоран Заев каде што вели дека додека дише името нема да го промени.

– Додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет, дека мојот дедо, татко, претци, син, ќерка, дека сме Македонци, родени во Македонија, тоа не може да се случи. Не верувам дека постои роден човек кој ќе излезе пред парламентот да побара промена на уставот со цел да побара промена на уставното име, вели Заев во изјавата која беше прикажана пред денешната прес конференција на Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top