среда, 15 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Тепачка во Илинден: Татко и син се пресметале со 23 – годишно момче

Вчера околу 18.40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населбата Илинден бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Љ.М. (63) и неговиот син С.М. (37), од една страна, и С.М. (23) од друга страна.

Љ.М. и С.М. (37), сопственици на угостителскиот објект , не му дозволиле на С.М. (23) да влезе во објектот. Притоа, С.М. (23) го нападнал Љ.М., а тие му возвратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top