петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 8 ново

Шпанците останаа без селектор еден ден пред почетокот на Мундијалот

Хулен Лопетеги нема да ја води репрезнетацијата на Шпанија на Светското првенство во Русија. Оваа изненадувачка вест денеска ја објави претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес. Причина за разделбата со Лопетеги е што тој на само три дена пред мечот со Португалија, објавил дека заминува во Реал Мадрид, и со тоа го прекршил кодексот на однесување.

На Лопетеги, Реал му беше поважен од Шпанија, го обвинија навивачите, па и покрај инсистирањето на фудбалерите на чело со капитенот Серхио Рамос, Лопетеги да остане да работи со селекцијата до крајот на СП, сепак шпанската феедрација донесе поинаква одлука.

Се шпекулира дека нов шпански селектор ќе биде Кике Сетиен, актуелниот тренер на Бетис. Другата варијанта е тимот да го водат помошниците на Лопетеги, тоа се Фернандо Јеро и Алберт Селадес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top