четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 115 ново

МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“

Македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана и огранок за Голо Брдо, преку соопштение, најостро се спротивставува на потпишување договор со Грција за промена на името на Република Македонија и идентитетот на македонската нација.

-Секоја промена на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација ќе го загрози идентитетот на Македонците во целиот свет, во соседните земји на Република Македонија и во Република Албанија. За жал, преговорите јасно покажаа дека Грција бара промена на македонскиот идентитет. Впрочем, власта и во Грција и во Бугарија недвосмислено кажаа дека Македонија може да влезе во Европската Унија, но не и „македонизмот“, стои во соопштението.

Токму затоа, се наведува понатаму, изразувајќи ја волјата на Македонците што живеат во Албанија, Друштвото отфрла било какви договори за името на Македонија, како матична држава на македонскиот народ, затоа што името на државата е идентитетот на нацијата, а името на националноста по автоматизам се определува од името на државата.

-Македонците во соседните држави на Република Македонија, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права, се нагласува во соопштението.

Бараме, се посочува во соопштението, од името на сите Македонци кои живеат во Албанија а не има над 120 илјади, да не се потпишува договорот со Грција за промена на името на државата и иденитетот на нацијата.

-Нашето име е Република Македонија и Македонци со векови и тоа бараме да се почитува, посочуваат од Македонско друштво „Илинден”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top