недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Два слободни удари на Барди во Топ 10 сезонава во шпанска Примера (видео)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди во својата прва сезона во најсилната шпанска лига покажа дека специјалист за слободни удари, но и дека има многу што да му понуди на Леванте.

Во изборот на Ла Лига за најдобри голови од слободни удари за сезоната 2017/18, на првото место е погодокот на Лионел Меси против Лас Палмас, но веднаш зад него е нашиот интернационалец Барди со голот против Депортиво.

Секако, тоа не е единствен гол на Барди, кој се најде во топ 10, туку уште еден негов гол (против Реал Сосиедад) се најде помеѓу најдобрите, односно на седмата позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top