недела, 19 август 2018 | Вести денес: 71 ново

Сончево и топло до 36 степени – од утре нестабилно и пад на температурата

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на грмежи и краткотраен дожд и ќе дува доумерен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната температура од 23 до 36 степени. УВ
индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со утринската температура до 18 и дневна до 33 степени.
Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено
ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.
Во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат во форма
на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top