четврток, 21 јуни 2018 | Вести денес: 17 ново

Аријана Гранде се сврши со Пит Дејвидсон по неколку недели врска

Аријана Гранде (24) и Пит Дејвидсон (24) се свршија по неколку недели забавување, потврдено е за американскиот таблоид „ЈуЕс викли“ од неколку извори.

– Тие се совршена двојка! Сепак, не трчаат да влезат во брак. Сите пријатели се возбудени поради нив и многу ги поддржуваат – тврди изворот.

Веста за свршувачката пристигнала по роденденската забава на актерката Роберта Патинсон, која била одржана минатата сабота во Лос Анџелес.

– Константно се засмејуваа еден со друг. Нивните мајки веќе се запознаа. Врската ја претставуваат на социјалните мрежи и се гледа дека многу се вљубени – додал друг извор.

Музичката ѕвезда и актерот и комедијант, наводно, во текот на забавата им зборувале на гостите дека се свршени.

Аријана Гранде и Пит Дејвидсон се во врска неколку недели, а ја започнаа неколку дена откако пејачката објави дека раскинала со раперот Мек Милер. Врската ја потврдија на Снепчет на 30 мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top