петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 22 ново

Драма во близина на надвозникот „Влајко“

Во 21,00 часот во полициската станица Карпош Х.Р.(24) пријавил дека околу 16,20 часот на булевар „Партизански Одреди“ во близина на надвозникот „Влајко“ додека управувал возило во кое како сопатник била неговата пријателка во еден момент друго возило му го попречил патот, а лицата кои биле во возилото му упатиле вулгарни зборови.

По кратко време повторно му го попречиле патот во близина на кружниот тек кај Порта Влае и две лица од возилото физички го нападнале Х.Р.

Во полициска станица се приведени Н.Г.(56) и З.С.(54) двајцата од Скопје.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top