четврток, 21 јуни 2018 | Вести денес: 28 ново

Зголемен бројот на туристи во Македонија

Во Македонија во април годинава се евидентирани 82 635 туристи, кои оствариле 164 183 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во април 2018 во однос на април лани, е зголемен за 21.4 отсто, а на ноќевањата за 17.2 проценти.

Бројот на домашните туристи е зголемен за 12.3, а на странските туристи за 25.5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 6.1, а на странските туристи за 24.5 проценти.

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18.7 проценти, и тоа: кај домашните туристи за 10.8, а кај странските за 23 отсто.

Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 17.5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 10.3, а кај странските за 22.5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top