недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 71 ново

200.000 евра за фирмите на независните новинари (ВИДЕО)

200.000 евра од Агенцијата за филм ќе легнат на сметките на две продукциски куќи за два документари серијали.

Компанијата „Евро вижн“, чиишто сопственици се новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска добила 5 милиони и 200.000 денари, односно 85.000 евра, од Агенцијата за филм, открива емисијата „Блиц“ на Алфа ТВ.

Агенцијата за филм секога година доделува финансиски средства за проекти од национален интерес. Филмските продукции добиваат големи финансиски средства за продукција на играни и документарни филмови, но и за организирање филмски фестивали, работилници и сл.

На страницата на Агенцијата за филм објавено е дека годинава се финансисрани два документарни серијали, Европски приказни и Динамиката на македонската демократија 2006-2016.

Продуцент на првиот серијал е токму Евро вижн на Јовановски, Цветковска и Јордановска, а за проектот ќе бидат издвоени 5.200.000 денари.

Продуцент на вториот серијал е продукциската куќа „ОХО“, која го ангажира Сашо Ордановски како како главен сценарист. За овој проект ќе се потрошат над 8 милиони денари или околу 130.000 евра.

Јовановски, во изјава за „Блиц“, со смеење одбива да одговори на прашањето колку пари ќе земе од сметката на граѓаните.

-Како да ви кажам, зошто да ви кажам? Па што ви е вас гајле кој колку добива хонорар? Тоа е друга работа, проектиот е тоа, вели Јовановски.

Токму ваквиот начин на финансирање на проекти во кои учествуваат новинари беше спорен за споменатите новинари. Новинарите и медиумите кои за проекти добиваа пари од државните фондови беа анатемисани од истите истражувачки новинари кои сега не гледаат ништо спорно во тоа да учествуваат на државни конкурси и да добиваат државни пари.

Целиот прилог можете да го гледате ТУКА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top