четврток, 18 октомври 2018 | Вести денес: 64 ново

Сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе, тешко повредени татко и ќерка (5)

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15.50 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Како што информираат од полицијата патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово излетало од патот.

– Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Штип, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top