среда, 15 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Жив се јадам: Вучиќ се чувствува виновен за протестите во Србија!

Говорејќи за протестите поради високите цени на горивото, кои блокираа неколку градови во Србија, претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека и тој се чувствува виновен.

-Жив се јадам, што како и обично реков пуштете ги да прават што сакаат и што тоа го реков јавно – рекол денеска Вучиќ.

Тој рекол дека за цената на безнинот не може многу да се направи, но дека ќе се разгледа можноста за интервенција кај дизелот.

-Ќе се обидеме да направиме нешто по прашање на цената на дизелот, бидејќи тоа е важно поради превозниците и земјоделците. Ќе се обидеме нешто и за малинарите, чии протести не беа политички мотивирани – додал Вучиќ.

Но повторил дека сите мерки ќе бидат на маса по завршување на блокадата на патиштата.

Тој претепувањето на еден граѓанин за време на блокадата на патот за Зрењанин во Борча го окарактеризира како брутално насилство, кое не е видено во Србија последниве 10 години и најави дека ваквите инциденти нема да поминат неказнето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top