среда, 15 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Заев контра бизнис-заедницата: Зголемување на даноците мора да има

Премиерот Зоран Заев не се откажува од прогресивниот данок и покрај тоа што голем дел од експертите сметаат дека прогресивниот данок  е добар само за здрави и стабилни економии, односно прогресивното оданочување е  добар само за економии со високи активности, со висок бруто производ и висок животен стандард, што не е случај за Македонија, бидејќи пред само неколку дена Светска Банка го објави документ во кој Република Македонија е на дното на раст на БДП со 0,01 процент во Европа и регионот.

-Прогресивниот данок е дел од програмата на владата. Мојот став и на владата е да го донесеме, но тоа нема да слушните дека преку ноќ сме го донеле. Ние го најавивме во фискалната стратегија и ќе отвориме дебата. Намерата е некаде од три до пет месеци да се истроши дебатата, да се заокружи и тогаш да влезе во имплементација. При таа дебата сакаме да знаеме што е соодветна маргина на праведниот данок. Затоа што верувам дека од она што го имаме досега како податоци ако 44 илјади граѓани наспроти 2 милиони и 100 платат повеќе од 1.000 евра или 1.500 евра зависно од тоа како ќе ја определиме маргината зависи од сите нас, тие се најбогатите. Ред е да платат тие најбогатите за да можеме да ги спроведеме и другите социјални аспекти за фер и праведно општество. А тоа е возможно само преку праведно даночно оданочување, рече Заев во вечерашното неговото во емисијата „Топ тема на ваша страна“ кое се одржа на приватниот факултет ФОН.

Заев смета дека со прогресивното оданочување ќе се намали јазот меѓу сиромашните и богатите, односно дека за едно општество да биде еднакво треба богатите да се оданочуваат со повисока стапка. Но, ваквиот биланс го има во развиените економии кои имаа добри и напредни социјални политики. Но и земјите во кои живеат милионери кои прават обрт на средства колку една годишен буџет во Македонија. Од тука логично е да се постави прашањето која е користа од прогресивен данок во Република Македонија?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top