недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Трагедија во семејството на славниот скијач: Почина неговата најмлада ќерка

Голема семејна трагедија му се случи на познатиот скијач, Боде Милер. Неговата 19-месечна ќерка починала откако се удавила во базен.

Семејството Милер било на забава кај нивниот сосед каде се случила трагедијата. Не е познато како 19-месечната Емелин Грир завршила во базенот.

-Сите сме скршени. Нашето девојче, Еми, вчера почина. Никогаш во милион години не помисливме дека ќе почувствуваме таква болка. Нејзината љубов и нејзниот дух никогаш нема да бидат заборавени. Нашето семејство бара да му биде испочитувана приватноста во овие тешки денови- напишал Милер на Инстраграм.

Емелин била најмлада од четирите деца што Милер ги имал со три различни жени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top