петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 23 ново

Силно невреме уништи 50 куќи и болница во Црна Гора (Фото)

Силно невреме ја погоди Црна Гора. Властите велат дека силна бура на Јадранското крајбрежје оштетила десетици куќи и болница.

Исходот бил срушено покриви, паднати дрвја, превртени автомобили, оштетени кровови.

Невремето во саботата го зафати регионот на Бока Которска каде го однесе покривот на локалната болница, ги искрши прозорците и го уништи паркот.

Околу 50 куќи и згради биле оштетени во оваа област, додека силните ветришта исто така оштетиле два мали авиони кои биле паркирани на локалниот аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top