петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 102 ново

Заев на средба со бугарскиот министер за култура Боил Банов

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерот за култура Асаф Адеми и советничката за култура Цветанка Ласкова, денеска се сретнаа со делегацијата на Министерството за култура на Република Бугарија, предводена од министерот за култура Боил Банов.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, неговата екселенција Иван Великов Петков и Светлана Славова, директорка на Бугарскиот културно-информативан центар во Скопје.

На средбата, премиерот Заев, истакнувајќи ја пред сè добрата економска соработка со Бугарија, потенцираше дека со ставањето на посебен акцент на културата, на младите и соработката во областа на образованието и спортот, се прави голем позитивен исчекор во градењето на пријателството меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Премиерот Заев, ја истакна и се заблагодари за големата поддршка која Република Бугарија и ја дава на Македонија на патот за полноправно членство во Европската унија и НАТО.

Соговорниците на средбата изразија уверување дека успешната соработка и планираните активности меѓу двете земји во областа на културата ќе продолжат со истиот интензитет и поддршка од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top