петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 101 ново

Поради затварање на џамиите, на Курц му стигнуваат закани по живот

На австрискиот канцелар Себастијан Курц, по одлуката на владата да протера повеќе имами и да затвори седум џамии, како и едно верско здружение, му стигнуваат закани по живот.

Сојузничката криминалистичка служба потврди за виенскиот дневник „Естерајх“ дека анонимни закани биле упатени преку социјалната мрежа Фејсбук.

Портапоролот на службата изјави дека е констатирано оти стигнале повеќе закани поради што е поднесена кривична пријава и покрената истрага.

Полицијата претпоставува дека заканите доаѓаат од турската заедница.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и се закани на Австрија по одлуката за протерување имами кои се финансирани од турската држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top